×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Идентификувани се речиси сите инволвирани во нападот кај „Орта бунар“, соопшти ОЈО

    15.11.2022 21:09 | Сузана Николиќ

    Основното јавно обвинителство Куманово(ОЈО) и СВР Куманово интензивно постапуваат за расчистување на настанот регистриран на видео снимки објавени на социјалните мрежи, во кои, според првичните информации кои се проверуваат, две лица биле предмет на напад од поголема група.

    Идентификувани се речиси сите инволвирани во нападот кај „Орта бунар“, соопшти ОЈО

    „Речиси сите лица од објавената видео снимка се веќе идентификувани и се преземаат дејствија за утврдување на причините и мотивите за инцидентот. Се врши распит и на учесниците и на други лица кои би можеле да имаат одредени сознанија. По целосно утврдување на фактите, Основното јавно обвинителство Куманово ќе донесе одлука за понатамошниот тек на постапката за што јавноста веднаш ќе биде информирана“, соопштува Обвинителството.

    Б.Ш. (20) од Куманово пријавил дека минатата ноќ околу 01.20 часот на улица „Карл Маркс“ во Куманово, додека бил во неговото возило „фолксваген голф“, неколку лица со тврди предмети му го оштетиле возилото.

    Во јавноста се појави видео снимка на која се гледа како десетина лица трчаат по улицата кај м.в. „Орта бунар“ каде што се случил нападот.