×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Идризово нема комбиња за обвинетите

    22.11.2011 10:00 | KumanovoNews

     Речиси цела година нема транспорт на обвинетите од затворот Идризово во основните судови во државата, поради тоа што немало доволно возила.

    Идризово нема комбиња за обвинетите

    Судиите се жалат дека затоа мораат да ги одложуваат судењата и да ги трпаат предметите, а потоа им се припишува дака неажурно си ја вршат работата.

    Ги носат само најитните случаи, кога се работи за убиство или други тешки дела. Во сите други случаи каде лицата се осудени за кражби и разбојништво, не ги доведуваат. Најголем дел од делата  во судовите се токму такви. За едно лице, кое е веќе на издржување на казна во Идризово, само кај мене има 5 нови пријави за истото дело кражби, а кај другите судии има уште 25 такви пријави- вели еден од судиите во Основниот суд Куманово.

    Тие пишувале барање и праќале факсови до затворските служби, а и претседателот на Судот реагирал до Републичкиот судски совет. Им било ветено дека состојбата ќе се поправи и од оваа недела ќе почне нормално спроведување на затворениците, бидејќи се обезбедени нови возила за потребите на затворот.