×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Илиевски: Димитриевски си праќа пораки самиот себеси и потоа јавно ги објавува

    28.10.2021 15:55 | Сузана Николиќ

    Целокупниот четиригодишен мандат на противкандидатот Димитриевски беше еден театар и тоа граѓаните на Куманово добро го знаат. Театарот продолжува и во оваа изборна кампања каде што тој прави прекршоци а се снима, си праќа пораки самиот себеси, потоа ги објавува јавно, истакна кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски, по прес конференцијата на иницијативата „За наше Куманово“.

    Илиевски: Димитриевски си праќа пораки самиот себеси и потоа јавно ги објавува

    „Зошто не ги покаже пораките со поткупувачот на гласови, лично со него каде што се гледа дека самиот знаел за поткупот кој се подготвувал. Самиот имал Фејсбук комуникација со посредникот и треба јавно да ја објави. На пораката пишува „Мики ми кажа ви требале средства“. Димитриевски треба да каже од каде му се над милион евра за изборна кампања, кога ниту една партија не стои зад него, и ниту едно членство, по примопредавањето на функцијата градоначалник од моја страна ќе биде спроведена целосна ревизија на целиот изборен процес на улици кои бесправно се градат, на сите дејствија кои ги има преземено а и целокупна ревизија на работењето изминатиот мандат. Не може во Куманово една иста фирма да ги добива тендерите сите патишта да ги гради. Во моментов се случува класичен поткуп на гласачите во Куманово со изградба на улици со донации, кој дава донации да гради улици со готовина на денот на изборите и една недела претходно. На многу прашање ќе одговори по изборите“, истакна Илиевски.