×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Илиевски доби дрес со број 12 од РК Куманово

    08.10.2021 21:02 | Сузана Николиќ

    Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Оливер Илиевски, вечерва присуствуваше на тренинг на Ракометниот клуб Куманово, со цел да ја искаже поддршката кон клубот и воопшто за развојот на спортот во градот.

    Илиевски доби дрес со број 12 од РК Куманово

    „Владата инвестираше многу во развојот на спортот во Куманово, ние тој тренд ќе го продолжиме, заедничката соработка може да носи само нови спортски победи за градот”, кажа Илиевски.

    Тој потсети дека Соколана и Градскиот стадион, Владата ги врати во владение на Општината и обезбеди финансиски средства за нивна реконструкција.  Притоа најави дека иградбата на училишни спортски сали на Владата ќе продолжи уште подинамично во наредниот период.

    На крај од средбата Илиевски беше пријатно изненаден со дрес со бројот 12. 

    „12 е за победа, за спортско Куманово”, изјави Илиевски.

    Кандидатот за градоначалник денеска имаше средба и со стечајните работници од Куманово на којашто заеднички се согласија дека Владата досега направи многу за нив, како никој друг претходно. 

    „Вниманието останува целосно насочено кон зачувување на работните места и кон поддршка за социјално ранливите како што се стечајците, пензионерите и невработените. Продолжуваме со успехот на централната власт, да го пренесеме и локално”, подвлече Илиевски.