×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Илиевски вели дека со изедначен број на гласови со Димитриевски ќе одат во вториот круг на изборите

    17.10.2021 21:57 | Сузана Николиќ

    Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Оливер Илиевски вели дека влегува во вториот круг од изборите, откако се пребројани 97 отсто од гласовите.

    Илиевски вели дека со изедначен број на гласови со Димитриевски ќе одат во вториот круг на изборите

    „Заедно со Максим Димитриевски одиме во втор круг. Имаме изедначен број гласови со тоа што се обработени 97-8 проценти од бројот на гласовите, се менуваат бројките 30, 40 за едниот, другиот така што во вториот круг одиме со изедначен резултат, рече Илиевски.

    Тој очекува победа во вториот круг. 

    „Дел од гласовите на ВМРО ДПМНЕ отидоа кај Димитриевски, така што мислиме дека на толкав број на гласови ќе остане и во вториот круг, додека ние имаме коалиционен партнер “, изјави Илиевски.

    Од штабот на СДСМ велат дека Илевски има освоени околу 14.000 гласови, додека листата на советници околу 11.000 или над илјада повеќе од независната листа „За наше Куманово“.

    Ваквиот исход го потврди и шефот на централниот изборен штаб на СДСМ Љупчо Николовски кој рече дека во мултиетничко Куманово, како Македонија во мало, левите сили се во водство, а дека ВМРО-ДПМНЕ е поразена.

    Од општинскиот штаб на ВМРО ДПМНЕ пак, изјавија дека се пребројуваат гласовите.