Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски, вечерва му ја честиташе победата на противкандидатот Максим Димитриевски, од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“. Тој објави дека разликата во гласови е околу 6000 во корист на Димитриевски.
„Во овој момент сакам да им честитам на победниците и порачам Куманово да го управуваат добро, да инвестираат и нашата програма ќе им стои на располагање. Сакам да ве информирам дека СДСМ освои 19.470 гласа, додека независниот кандидат заедно со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, има освоено 25.470 гласови. Ова се неофицијални податоци што ги добивме од нашиот изборен штаб, од сите гласачки места“, кажа Илиевски на прес конференција.
Тој се заблагодари на сите граѓани на Куманово, кои гласаа и изборниот процес да помине во фер и демократска атмосфера.
Илиевски кажа дека и Советот на Општина Куманово најверојатно го има мнозинството со 17 советника, заедно со ВМРО-ДПМНЕ и Алијанста за албанците.