Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се наоѓаме во Градскиот парк, место за спорт, рекреација и дружење. Во време на динамичен и брз начин на живот, ваквите места нѝ се повеќе од потребни. Затоа, во програмата „Најдоброто за Куманово“ еден од позначајните проекти е изградба на авангарден детски парк, адреналиски парк, велосипедски парк/вело парк, како и 4 паркови со најразлични содржини на Градскиот кеј, најави кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски.
Тој кажа дека во неговата програма е предвидена изградба на 4000 метри нови пешачки патеки покрај реката Кумановка, додека кејот ќе се поврзе со 4 пешачки мостови за различни намени.
„Нашиот план е да го поврземе центарот на градот и да овозможиме спорт и рекреација на долги патеки од влезот на градот до завршување на кејот до Хотел Куба и со приклучок на вело парк. Ќе го уредиме и отворениот канал во населбата Вера Которка, со што добиваме 3300 метри пешачки зони и вело патеки. Предвидена е и реконструкција на Градскиот парк, и изградба на 4 мини и 3 големи паркови со посебна намена низ целото течение на реката“, кажа Илиевски.
Освен на реките Кумановка и Којнарка предвидена осветлена пешачка зона со вело патека и засадени нови дрвја со систем за одржување и наводнување. На тој потег, жителите од Долно Којнаре и Никола Тесла ќе добијат 2400 метри зелена зона за спорт и пешачење.
„Доволно зборувавме дека реките во Куманово се претворени во течни депонии, до крајот на 2025- та година градот ќе го смени својот лик во поубаво место за живеење. Кога ја креиравме програмата, појдовно прашање нѝ беше како да го направиме Куманово поатрактивно за своите жители. Кога може Скопје да има убав градски парк, зошто да не и Куманово?“, нагласи Илиевски.