×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Илиевски вети нов парк и дрворед покрај стамбениот комплекс кај „Биртекс“

    21.10.2021 17:17 | Сузана Николиќ

    Жителите од стамбениот комплекс во м.з. „Панче Пешев“ на потегот од „Жмара“ до „Мај маркет“, денеска го прашаа кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски, доколку ја добие поддршката на граѓаните, дали планира да го оплемени  празниот простор покрај реката Липковска, или и понатаму ќе остане запуштен и покрај барањата на граѓаните за проширување и уредување на зелените површини во овој дел на градот.

    Илиевски вети нов парк и дрворед покрај стамбениот комплекс кај „Биртекс“

    „Доколку овде се изгради парк и се спои со парковите којшто се наоѓаат помеѓу останатите згради ќе се добие мини кеј. Овде има голем простор за зеленило, но тој е запуштен и не се одржува. Ние жителите од околните згради уште пред две години доставивме петиција и предлог решение до општината и градоначалникот за партерно и хортикултурно уредување со дрворед и урбана опрема. Но, никој досега немаше слух, па нашиот предлог остана само на хартија“, кажа една од станарките од зградите.

    Кандидатот Илиевски се обврза пред граѓаните дека доколку стане градоначалник една од првите задачи со кои ќе се зафати ќе биде уредување на зеленилото во градот.  

    „Локацијата на која се наоѓаме е позиционирана до реката Кумановка, што овозможува идеални услови за зголемување на зеленилото со висококвалитетни дрвја. Овде има повеќе станбени згради на чиишто станари им недостасуваат места за одмор, рекреација и дружење, како за возрасните, така и за најмалите. За таа цел во програмата со „Мој Еколог“ предвидуваме уредување на напуштените зелени површини на секој квадрат. Дека сум одлучен во намерата и нема да ги изневерам вашите очекувања подготвен сум да ви дадам и писмена гаранција“, кажа Илиевски на средбата со граѓаните од ова населба.