„Илинденска“ и „Народна револуција“ без вода
14.08.2013 08:18
| KumanovoNews
Вода за пиење утрово немаат станарите од улиците “Илинденска“ и “Народна револуција“.

Од ЈП “Водовод“ велат дека снабдувањето со вода на овие две локации е прекинато поради дефекти во водоводната мрежа. Нивни екипи веќе се на терен и работат на отстранување на дефектите по што се очекува за неколку часа снабдувањето со вода да се нормализира.
Во меѓувреме други прекини во водоснабдувањето не се регистрирани.