×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Имотната состојба на претседателските кандидати

    24.03.2014 10:59 | KumanovoNews

    Претседателските кандидати кои ќе трчаат за највисоката функција во државава живеат просечно, но комфорно. Овие се резултатите до кои дојде „СКУП Македонија“ во напорите да им го приближи на граѓаните економскиот статус на четворицата професори кои ја бараат поддршката за да ја водат државата.

    Имотната состојба на претседателските кандидати

    Генерално, кандидатите не покажаа одбивност во нашето барање да добиеме податоци што поседуваат, иако, дел од нив не сакаа да ги откријат нивните банкарски сметки со изговор дека тие во секој момент можат да бидат на увид на државните институции.

                Се чини дека со најголем имот и банкарски салда во моментов располага претседателскиот кандидат, Зоран Поповски. Како советник во општина Карпош тој пријавил дека поседува куќа од 156 квадратни метри во вредност од 7 милиони денари или 113.000 евра во Скопе, која ја добил како наследство, а пријавил уште една со исто толку квадратни метри добиена со купопродажба. Како недвижен имот ја навел куќата на неговата сопруга во Крушево од 99 квадратни метри. Неговата сопруга има стан од 57 квадратни метри кој го добила како наследство, а вредноста е 3,1 милион денари или 50. 900 евра. Од моторни возила семејството поседува „БМВ 318“, потоа „Сузуки Сплаш“ и мотор „Априлиа“. Поповски добива советнички паушал од 14.000 денари, а неговата сопруга прима 15.000 денари месечно кирија од закуп на стан. Семејството Поповски има акции во вредност од 7.200 денари. Двајцата сопружници Поповски заедно имаат 20.000 евра девизен депозит, а нивните деца во банки имаат денарски депозити од вкупно 360.000 денари или 5.836 евра. Сопругата на Зоран Поповски има кредит од 200.000 денари.

                            Досегашниот претседател Ѓорѓе Иванов поседува стан од 5 милиони денари или некаде околу 81.000 евра, сопственост на неговата сопруга, како и плац од 300 квадрати во Горно Нерези, вреден еден и пол милиони денари или 24.000 евра. Не вози автомобил, единственото возило во семејството, Тојота Аурис го вози неговиот син. Семејството Иванов на банкарските сметки има 4.480.000 денари и 32.000 евра. Дел им се заштеди, а дел од продажба на стан и возило.

                Податоците кои „СКУП Македонија“ ги доби од кандидатот Илјаз Халими го рангираат на третото место. Хаљими поседува куќа во Тетово со површина од 130 метри квадратни, која се проценува на околу 150 илјади евра. Куќата ја купил откако претходно продал стан во градот кој го поседувал. На име на неговата сопруга има викендица во Леуново со површина од 120 метри квадратни, која се проценува на 50 илјади евра. Неговата сопруга е сопственик и на семејната кола „Опел Астра“.

    Колата е платена со кредит од 10 илјади евра, при што семејството Хаљими од 2008 година плаќа месечна рата во износ од 10 илјади денари. До конечната исплата на кредитот им останале уште две години. Хаљими има земено уште еден кредит од 1 јануари 2014 година, во износ од 10 илјади евра и со рок на отплата од 8 години. Во моменов не поседува кола, но има нарачано „КИА Спортаж“ чија цена е 16.500 евра.

                За кандидатот Стево Пендаровски, засега располагаме со информации дека живее во скопската населба Автокоманда, во стан од 62 квадратни метри. Оженет е со докторка - стоматолог која работи во Стоматолошката клиника при Клиничкиот центар. Од имот располага со едно „Рено Меган“ старо 8 години и „Југо Темпо“ старо 15 години. Пендаровски, наводно, немал заеми, ниту акции во стопански субјекти, но официјална потврда засега нема.

    од Екипата на СКУП Македонија