×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Индустриската зона Речица потенцијал за привлекување на италијански инвеститори

    25.04.2023 16:05 | Оливера Пешевска

    Во развојно - индустриската зона во Речица постојат можности за привлекување на италијански инвеститори, кои пројавуваат интерес за рестартирање на одредени капацитети или инвестирање во нови производни погони, беше заклучено на средбата на амбасадорот на Италија Андреа Силвестри и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

    Индустриската зона Речица потенцијал за привлекување на италијански инвеститори

    „Нашите намери се да ги промовираме италијанските инвеститори во земјата и секако во регионот. Немаме се уште информации за инвестиции во индустриската зона Речица, но во план е организирање на бизнис форум во наредните месеци, особено затоа што регионот е плоден за воспоставување на билатерална соработка. Италијанската влада е многу заинтересирана и уверени сме дека ќе рестартираме некои компании“, истакна амбасадорот Силвестри.

    Италија е еден од најголемите инвеститори во регионот, втор по големина во соседна Србија, додека во Македонија се наоѓа на 6-то место. Постои заинтересираност да се продлабочи соработката и да ги зголемат инвестициите во државата.

    „Пред пандемијата имав можност при посетата на областа Венето во Италија да разговарам за можни инвестиции во нашата индустриско-развојна зона. Тогаш стопанствениците покажаа голем интерес, но за жал, поради корона кризата контактите не беа интензивирани. Сега повторно имаме најава да се продлабочат тие контакти“, рече градоначалникот Димитриевски.