×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Инфлацијата во јули повисока за 0,7 проценти во однос на претходниот месец

    13.08.2024 16:48 | KumanovoNews

    Трошоците за живот во јули ја зголемиле инфлацијата за 0,7 проценти во однос на претходниот месец од тековната 2024 година, според податоците на Државниот завод за статистика.

    Инфлацијата во јули повисока за 0,7 проценти во однос на претходниот месец

    Најголем раст, од речиси 6 отсто е регистриран во  групата на ресторани и хотели, иако облеката, обувките, храната и безалкохолните пијалоци биле поевтини во јули, отколку во јуни.

    Падот на цените кај храната и безалкохолните пијалоци е минимален и изнесува 0,2 посто, облеката и обувките за 0,5 проценти, а зголемување има кај тутунот и алкохолните пијалаци од минорни 0,1 проценти. Поевтиниле зеленчукот ( за 5,1 %) и овошјето (1,7 посто) и рибата и морските плодови. Останатите групи на производи иако бележат забавување на инфлаторниот тренд сепак имаат покачувања во малопродажната цена. Гардеробата за потрошувачите е со намалени цени благодарение на цените на обувките кои во просек се поевтини за 1,3 проценти.

    Течните горива, енергенси се поскапи за речиси 3 отсто, но цената на природниот гас има надолен тренд и чини 2,8 проценти помалку отколку во јуни.

    Иако поместувањата на цените во речиси сите групи се безмалку неприметни, цените на транспортните услуги доживеале раст од дури 15,6 посто, додека воздушниот патнички сообраќај е поскап за близу 30 проценти. Што се однесува до туризмот- сместувачките капацитети во државата цените ги зголемиле за 31,6 %.