×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Иницијатива или предлог-закон за стечајците?

    23.01.2012 15:14 | KumanovoNews

     Информацијата дека е поднесен нов предлог-закон за стечајни работници во Собранието од паралелното раководство на здружението на стечајни работници „УНИТ„, пратеникот Оливер Спасовски ја смета за неточна и невозможна, бидејќи предлог-закон може да поднесе само Владата, пратениците или група од 10 иљади граѓани.

    Иницијатива или предлог-закон за стечајците?

    Тој бара од партијата на власт да ја преземе иницијативата за решавање на проблемот на стечајците и да се стави крај на агонијата на овие граѓани.

    Ова што е поднесено од неколкуте здруженија може да се третира како иницијатива со оглед на тоа дека не е потпишана од ниту еден пратеник. Јас сакам што поскоро да се реши голготата на стечајците, кои веќе 20 години талкаат по решение на овој проблем и затоа го повикувам мојот колега од ВМРО-ДПМНЕ Куманово, тоа да го направи со својот потпис, да не биде дека СДСМ го поднесува законот, нека го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нека конечно се реши овој случај-вели Спасовски.

    Пратеникот смета дека е лошо да се манипулира со граѓаните и да се објавува дека веќе е во процедура предлог-закон, бидејќи тој не може да се разгледува како иницијатива, а за законско решение мора некој да го потпише и да го достави во постапка предвидена со деловникот на Собранието.

    Пред еден месец во Собранието беше поднесен предлог-закон за стечајците од СДСМ, кој не беше подржан од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.