Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните сакаат да живеат во ЕУ и ние треба одлуката да ја донесеме заради граѓаните, интересот на земјата, на народот мора да го стави на прво место, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на вчерашната трибина во Куманово, на тема „МК во ЕУ до 2030“, Резултати што прават разлика“ .
Во обраќањето пред присутните граѓани, Ковачевски повика на единство кога е во прашање иднината на државата и интересот на граѓаните, потенцирајќи дека одговорноста е заедничка на сите политички чинители, но и дека не е време на популистичка реторика.
„Интересот на земјата, на народот мора да го стави на прво место, макар еднаш. Не може да си дозволи една партија да не биде дел од ниту еден државнички процес, да не поддржи ниту една одлука важна за иднината на државата. Сите ние имаме одговорност пред граѓаните и пред земјата. Заедно треба да застанеме, рамо до рамо, и заедно да го браниме државниот интерес. Ние ќе продолжиме со нашата посветеност и со нашата работа, нашата рака за дијалог останува подадена. Ние сме на вистинскиот пат и сега е време да се продолжи по вистинскиот пат. Разликата е помеѓу изолација и интеграција во ЕУ. Пред сите нас е историска шанса да го продолжиме европскиот пат на земјата за што маме досега невидена и силна поддршка од нашите стратешки партнери, ЕУ и САД“, порача Ковачевски.
На трибината, Ковачевски посочи дека доколку не се направат следните чекори, евроинтеграцијата ќе запре и државата повторно ќе се најде во состојба на стагнација како онаа што ја имавме цели 10 години до 2016 година.
Бојан Маричиќ, секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, укажа дека сега е време оваа генерација да понесе одговорност, за како што кажа тој “нашите деца да живеат во Европска Унија” и да не се оптоваруваат со отворени прашања и да бараат подобра иднина во Европа.
„Изборот е наш, ние можеме да ги оптовариме нашите деца и идни генерации и да им кажеме ние немавме сила и знаевме дека ќе има штета по нашите кариери, па се одлучивме да не направиме ништо. Се одлучивме од нас да го префрлиме проблемот на вас и да се занимаваат со овие прашања, да преговараат со Бугарија и да бараат чаре во други држави. Тоа не го сакаме“, посочи Маричиќ.
На трибината во Центарот за култура во Куманово учествуваа и пратеничката Соња Мираковска, Фани Каранфиловска од невладин сектор и Филип Тосевски од СДСМ.