×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Членовите на ИПА Куманово го прославија 10-годишниот јубилеј со колегите од балканските земји

    06.12.2022 14:08 | KumanovoNews

    По повод десетгодишнината од постењето на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Куманово, викендов се одржа меѓународна средба со делегации од повеќе балкански држави. На средбата присуствуваа полициски службеници од: Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грција и Србија.

    Членовите на ИПА Куманово го прославија 10-годишниот јубилеј со колегите од балканските земји

    „Денес ИПА Куманово слави 10 години од своето постоење. Во овој период стигнавне до 600 членови, од кои околу 500 се активни и 100 пензионирани. Над 50 склучени договори за поволности со попусти за сите ИПА членови, хуманитарни акции, спортски натпревари, научни трибини и учество на голем број на домашни и меѓународни ИПА средби, се само еден мал дел на активностите на ИПА регион Куманово кои што беа успешно реализирани во изминатите години“, изјави претседателот Горан Маневски во обраќањето пред присутните.

    На дводневната средба беа потпишани повелби за збратимување помеѓу ИПА Куманово, Добој во Босна и Херцеговина и Косовско Поморавље од Србија. 

    Организаторите најавуваат дека средбата ќе стане традиционална, а на пролет ќе одржи Европска конференција во Скопје.

    Североисточниот регион преку ИПА Куманово е втор по големина регионален центар, веднаш по скопскиот и еден од најактивните. Досега има организрано многубројни добротворни хуманитарни акции, спортски натпревари, научни трибини и земаат учество на голем број домашни и меѓународни ИПА средби.

    ИПА Куманово отвори канцеларија на булеварот „Октомвриска револуција“, од каде ќе се координираат за следните активности и ќе одржуваат средби. 

    Интернационалната полициска асоцијација функционира во повеќе од 50 држави во светот, а наменета е исклучиво на припадници на полицијата.