×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ИРИ:СДСМ со 28 отсто, ВМРО-ДПМНЕ со 7 отсто поддршка за локалните избори во Куманово

    16.06.2021 19:54 | KumanovoNews

    Доколку денеска се одржат локални избори, СДСМ би освоил 19 oтсто од гласовите, додека ВМРО-ДПМНЕ би имал поддршка од 16 проценти од избирачите, покажува истражувањето на територијата на Македонија, кое во текот на март годинава го спроведе Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

    ИРИ:СДСМ со 28 отсто, ВМРО-ДПМНЕ со 7 отсто поддршка за локалните избори во Куманово

    Трета партија е ДУИ за која би гласале 8 отсто, а зад неа се Алијанса за Албанците и Левица со поддршка од 4 отсто од гласачите. Не донеле одлука за кого би гласале 21 отсто, а 9 проценти кажале дека нема да гласаат. Пад на рејтингот имаат лидерите Заев и Мицкоски.

    Според расположението на граѓаните во март годинава, ВМРО-ДПМНЕ не може да се избори за победа во Куманово. СДСМ е во водство, но сепак речиси сите партии имаат загуба на рејтингот, а најизразено е кај ВМРО-ДПМНЕ со дури 8 отсто. Според ИРИ, извесно е дека СДСМ би однела победа за градоначалник и тоа со 28 отсто од гласовите, наспроти ВМРО-ДПМНЕ со 7 проценти и ДУИ со 4 отсто од гласовите.

    Според анкетата на ИРИ, граѓаните немаат висока доверба во локалните власти пред изборите што се очекува да се одржат во октомври. На прашањето дали би го поддржале реизбор на градоначалникот од нивната општина, над половина од испитаниците (53 отсто) рекле дека би требало да се избере друг кандидат.

    Анкетата опфати 1.222 полнолетни граѓани.

    (Фото.Фејсбук)