×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Исчезна 15 годишно момче од Куманово

    13.08.2014 12:11 | KumanovoNews

    Ренато Џељадини (15) од населбата Стари Лозја пред пет дена исчезнал во близина на депонијата Краста.

    Исчезна 15 годишно момче од Куманово

    Детето последен пат било со своите родители во саботата, додека собирале пластика на кумановската депонија. Околу 13 часот заминал до култиваторот кој бил паркиран покрај патот, да земе да јаде, и повеќе не се вратил.  Родителите по еден час го побарале, но безуспешно.  Одтогаш му се губи трагата,  а случајот е пријавен во полиција.

      “Секаде го баравме, претуравме и по ѓубриштето со роднините и соседите, но детето никаде го немаше.  Се сомневаме дека некој го киднапирал. Ренато беше добро и послушно дете не се делеше од нас,“ - велат родителите Перјан и Рушит Џељадини.

    Облечен е во црни тренерки и кратки маслинесто зелени чизми и ако некој го препознае веднаш да пријави во полиција, апелираат родителите.

      “Со кучиња трагачи полицијата открила дека детето се движело пеш се до главниот пат, на околу 500 метри од местото каде последен пат е видено, а потоа најверојатно се качило во возило и од тука му се губи трагата“ - вели мајката.

    Од полиција не можат да потврдат дали се работи за киднапирање, но велат дека се работи на терен и се направени информативни разговори.

    Ова не е прв пат малолетник да изчезне во Куманово. Во април 2010 година,  изчезнаа Дане Мемеди и Мирсада Хелдовиќ кои досега полицијата не успеа да ги пронајде.