×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Исчезна жена во пожар во селото Челопек

    04.08.2021 20:38 | Сузана Николиќ

    Жена од селото Челопек, Општина Старо Нагоричане се води за исчезната откако куќата во која живеела попладнево била зафатена со пожар. Мештаните се сомневаат дека таа настрадала кога се сокрила во подрумот обидувајќи се да се спаси од пожарот што го зафатил дворот, но никој официјално не ја потврдува информацијата.

    Исчезна жена во пожар во селото Челопек

    Градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска, вели дека огнот во опожарената куќа се уште тлее и екипите немаат пристап до неа за да изврши увид, а и струјата е исклучена. Таа не може да потврди дали жената останала внатре.

    Куќата во која живее семејството се наоѓа на почетокот на селото и никој не знае како настанал пожарот. Двајцата повозрасни луѓе живееле во вонбрачена заедница и жената тешко се движела.

    Во големиот пожар што го зафати Челопек, изгореле два куќи и поголема површина на нискостеблеста шума, а пожарот е ставен под контрола. На терен се распоредени дежурни екипи на противпожарната единица и војската за да не дојде до разгорување на огнот.

    Во Општина Старо Нагоричане денеска беснееше голем пожар и во селото Дренак, каде биле зафатени 14 куќи и училишна зграда. Вчера беше локализиран пожарот во Кокино.

    Од МВР информираат дека едно лице е осомничено и за пожарот во Старо Нагоричане и полициските службеници веќе постапуваат во координација со Јавен обвинител.