Исчезна штитеничка од Домот за стари лица во Куманово
26.06.2023 14:03
| Сузана Николиќ
Во Кумановската полиција утринава било пријавено дека е исчезната штитеничка сместена во Домот за стари лица во Куманово.

Исчезнувањето го пријавила вработена во установата.
„На 26 јуни во 07.57 часот во СВР Куманово вработена во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово пријавила дека од домот се оддалечила нивна штитеничка С.П. од Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, соопшти СВР Куманово.