Исчезнатото момче се јавило од Холандија
05.01.2015 13:59
| KumanovoNews
Момчето од Старо Нагоричане, кое беше пријавено дека е исчезнато, заминало на гости во Холандија.

М.М.(23) вчера се јавил на телефон на мајка му С.С.(53) да ја извести дека се наоѓа на гости кај тетка му во Холандија. Неговата мајка утринава дошла во полициската станица Куманово, да каже дека детето е во странство, живо и здраво. Полицијата ја сопрела постапката за негово пронаоѓање.
М.М. (23) од селото Старо Нагоричане излегол од својот дом на 31 декември во 9 часот, без да каже каде ќе оди. Откако не се вратил дома три дена мајка му го пријавила во полиција како исчезнат.