×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Искривен столб на тениско игралиште опасност за посетителите

    20.11.2024 10:06 | Оливера Пешевска

    Метален столб на кој се закачени рефлектори за тениските игралишта покрај спортската сала во Куманово е искривен и пости опасност да падне при посилен ветер и да повреди некого. 

    Искривен столб на тениско игралиште опасност за посетителите

    Граѓаните кои секојдневно поминуваат тука, велат дека столбот е искривен подолго време, и бараат надлежните под итно да реагираат. 

    „Често поминуваме тука и додека се реновираше салата, секој ден поминуваат деца на велосипеди, а и постојано се врткаат работници кои се ангажирани во средувањето на салата. Столбот е искривен за половина метар и секој момент може да падне“, вели Горан Б., кој се обрати до нашата редакција.

    Од ЈП „Куманово-паркинг“, кои стопанисуваат со тениските терени, велат дека се запознаени со проблемот, пријавено е на фирмата која ги одржува, и во тек е процедура за санирање.

    „Рефлекторите, осветлувањето и столбовите се под надлежност на Општината и фирмата задолжена за одржување на јавното осветлување во градот. Известени се одговорните лица и според мои информации би требало да биде санирано во најкус можен рок. Преземени се сите потребни мерки за што побрзо завршување на работата. Во моментов игралиштата не се користат поради студеното време“, истакна Андреја Маџовски, директор на ЈП „Куманово паркинг“.

    Столбот е искривен, затоа што од тежината попуштила и испукала подлогата на која е прицврстен.

    Четири тениски игралишта се пуштени во употреба во 2016 година. Изградени се по меѓународни правила на Меѓународната тениска федерација и тука можат да се одигруваат меѓународни натпревари од трет ранг. Секој терен е осветлен со по 4  рефлектори, па терените можат да се користа и ноќе.