×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Искусни медицински сестри од Здравствен дом избркани од работа, на нивно место вработени кадри на ДУИ, тврди пратеникот Петрушевски

    19.03.2023 18:34 | Сузана Николиќ

    Четири искусни медицински сестри од кумановскиот Здравствен дом биле избркани од работа само затоа што се Македонки,  а на нивно место биле вработени партиски кадри на ДУИ, тврди пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

    Искусни медицински сестри од Здравствен дом избркани од работа, на нивно место вработени кадри на ДУИ, тврди пратеникот Петрушевски

     Тој ги повика надлежните институции да го испитаат овој случај, да се поништи огласот и да се вработат стручни, квалитетни и искусни медицински сестри во Здравствениот дом Куманово.


    „Во Здравствениот дом во Куманово се распишал оглас за вработување на 10 медицински сестри на неопределено време. Локалните СДС и ДУИ се договориле 6 вработувања да бидат нови од ДУИ, а 4 од СДС, кои веќе 4 години работеле таму по договор.

    Директорот, поставен од ДУИ си ги  вработува сите 10 од ДУИ, според мои извори, со поделени 10 веќе решени тестови на тестирање, затоа што сметал дека сите 10 вработени треба да се Албанки.

    По овој настан, претседателот на ОО на СДС Тушевски доблесно си дал оставка, а пратеникот Костовски се крие и никаде го нема.

    Сега нови и неискусни медицински сестри ќе ги вакцинираат децата и ќе вршат домашна посета, додека искусните ќе седат дома без работа, само затоа што не се од ДУИ“, објави Петрушевски.