Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за образование и наука информира дека е реализирана исплатата на средствата за ученички и студентски стипендии за месец мај 2021 година.
Сите корисници на стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во државата, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети, согласно Шангајската ранг листа, веќе ги имаат добиено средствата на своите сметки.
„Практиката на редовна месечна исплата на средствата за ученички и студентски стипендии, воспоставена на почетокот на годината, ќе продолжи и во следниот период, бидејќи од особена важност е младите навремено да ги добиваат средствата што ги заслужуваат и кои значат мотив и поддршка во процесот на нивната едукација“, велат од МОН.