×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Итно да се дислоцира депонијата од селото Никуштак, бара Алтернатива

    02.09.2023 16:55 | Сузана Николиќ

    Владата и локалната власт под итно да ја затворат дивата депонијата во близина на селата Никуштак, Орланце и Грушино, покрај стариот пат Куманово - Скопје, која повеќе 23 години ги труе жителите од овие населени места, бараат од партијата Алтернатива. 

    Итно да се дислоцира депонијата од селото Никуштак, бара Алтернатива

    Тие велат дека и покрај тоа што Советот на Општина Липково изгласал одлука за дислоцирање на депонијата, а таа била поддржана и од нивните советници, локалната власт на ДУИ во Општина Липково и нивните пријатели од централната власт, не направиле ништо да се реши проблемот.

    „Освен што е најголем загадувач, оваа депонија претставува опасност и за возачите кои го користат патот покрај депонијата. Пред неколку дена, токму поради чадот од оваа депонија, се случи сообраќајна несреќа, за среќа без фатални последици, но после ова се прашуваме дали треба да чекаме да дојдеме тука за да плачеме“, велат од партијата.

     Тие велат дека се зачудени од рамнодушноста на  ДУИ, која во предизборната кампања најавила дека еколошките проблеми ќе и бидат врвен приоритет

    „Не помалку вина имаат и челниците на Општина Липково, кои пред две години ветија градење на ограден ѕид на оваа депонија, но – како што гледате – од тој проект нема ништо, иако и тоа не е некое решение за проблемот. А кога сме кај ветувањата, ДУИ во секоја кампања доаѓаа на ова место и ветуваа изградба на регионална депонија за отпад, но поминаа веќе 23 години и не само што нема ништо од тоа ветување, туку оваа состојба се повеќе се влошива. Всушност, колку повеќе ДУИ ветува зеленило, толку повеќе се множат дивите депонии во албанските населби, што е уште една потврда дека нивниот ум не е за чистиот воздух, туку за валканите тендери“, посочија од Алтернатива.