Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Иван Димитриевски е избран за нов претседател на УМС на ВМРО – ДПМНЕ ОК Куманово, одлучи извршниот комитет што се одржа викендов. Тој е магистер по бизнис и администрација на Универзитетот Лондон Метрополитен.
„Ќе се фокусирам за подобрување на животот на младите во општината. Ќе се формира нов тим од луѓе, подготвени да работат со ентузијазам, да се вложат себеси во новите проекти коишто ги планираме. Еден од главните приоритети ќе ни биде подобрување на условите за живот на младите, создавање на перспективи и на локално и на централно ниво, и збогатување на спортскиот и културниот живот на младите. Замислено е да се направи кино на отворено, во план се одредени фестивали и многу други проекти . Укажаната доверба од членството е голема чест, но и одговорност да се вклучам во организација на младите ”, изјави Димитриевски за Кумановоњуз.
Тој се заблагодари на членовите и на Извршниот комитет на УМС на ВМРО – ДПМНЕ и на членовите на Општинскиот комитет за укажаната доверба и за безрезервната подршка на младите со што целосно би се вклучил во организација на младите во најголемиот општински комитет.
Тој доаѓа на местото на Иван Илиевски.
О.Пешевска