×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Иванов: Да за НАТО, не за промена на името

    05.04.2014 09:41 | KumanovoNews

    Кандидатот за претседател од ВМРО - ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов, синоќа пред кумановчани ја претстави изборната програма, при што истакна дека ќе се залага за влез во НАТО, но нема да прифати промена на името и идентитетот на македонскиот народ.

    Иванов: Да за НАТО, не за промена на името

    Македонија ќе продолжи со ангажманот во мировните мисии, бидејќи наша стратешка цел е членството во НАТО. Остануваме посветени на патот кон Европската унија. Сите знаеме дека сме блокирани од нашиот јужен сосед, кој има проблем со нашиот идентитет. Веќе 23 години бара од нас да престанеме да бидеме она што сме, да го погазиме заветот што ни го оставиле нашите предци. Куманово отсекогаш давало храбри луѓе, луѓе со достоинство, кои не трпат неправда. Отсекогаш давало големи херои за Македонија. Вашите предци биле во првите редови за ослободување на Македонија. Затоа, знам дека зборувам и во ваше име кога ќе речам дека нема да прифатам промена на Уставот, со цел промена на уставното име - изјави Иванов.

    Иванов нагласи дека во изминатите 5 години заедно со Владата напорно работеле на донесување на странски инвеститори, при што се отворени нови 120.000 работни места, а најрелевантните светски извештаи потврдуваат дека Македонија напредува на економски план.

    На митингот се обрати премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој за вечерва најави промоција на нови 2000 проекти и 64 000 работни места кои ќе се реализираат во наредниот период.

    Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска зборуваше за чесноста и скромноста Иванов кој ја доби довербата од народот на минатите избори.

     Иванов секогаш застануваше зад проектите на Владата и ги сметаше за проекти на народот. Му верувам на Иванов бидејќи неуморно работи и има визија. Пред нас излезе со отчет и со програма. Но, што имаме како понуда од другата страна? Ништо. Нула. Празни зборови во стилот на Црвенковски. Никаков концепт и идеја. Единствена цел, да се конфронтира со Владата за да си го засили егото па дури и да е на штета на граѓаните, - рече Јанкуловска.