×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изборен штаб на ЛДП во Перо Чичо

    12.03.2013 15:51 | KumanovoNews

    Општинската организација на Либерално демократската партија, синоќа отвори штаб во населбата Перо Чичо. Пред присутните членови и симпатизери говореше Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП и кандидат за советник.

    Изборен штаб на ЛДП во Перо Чичо

    На 24 март имаме неповторлива шанса да испратиме силна и јасна порака дека си ја сакаме државата назад, на нас граѓаните. Доста беше од погубните политики на ДПМНЕ. Намерно не го спомнувам името ВМРО затоа што не ни заслужуваат да ги носат тие свети букви. ВМРО е секој Македонец, но не секој е ДПМНЕ. Има една убава симболика во бројот 42 под кој настапува Сојузот за инднината, бројките се поставени во обратен редослед од 24 кога е денот на гласањето и токму тоа ни е потребно, да заокружиме 42 за да направиме пресврт во Македонија и да им покажеме дека немаме намера лесно да им ја дадеме државава затоа што оваа држава не е ни лесно добиена. Овие избори се многу повеќе од тротоари, сокаци и сл. Овие избори се референдум во кој ние граѓаните треба да одлучиме во кој правец ќе ни се движи државата, и дали ќе ставиме крај на осиромашување на овој народ како материјално така и духовно- рече Јаневиќ.

    Тој нагласи дека граѓаните на Перо Чичо секогаш ја препознавале вистинската страна, и на 24 март сите заедно на Градскиот плоштад ќе  слават голема победа.