Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Иако поминаа две недели, откако завршија локалните избори, плакатите на политичките партии не се отстранети од јавните површини.
Граѓаните сметаат дека оние кои гo залепиле пропагандниот матерјал, треба да се ангажираат да го тргнат.
Кога ќе завршат избори треба се тоа да се тргне и готово. Кој си победил нека му е со среќа. Мене лично не ми пречи, ама има луѓе кои сакаат градот да изгледа убаво. Кога се нови плакатите се убави, ама сега искинати подобро да ги нема отколку такви да стојат - вели граѓанка од Куманово.
И останатите кумановци потврдуваат дека глетката е иста по сите избори, а плакатите стојат се додека од сонце и дожд не се оштетат целосно.
Ги лепеа плакатите каде ќе стигнеа. Не верувам дека некој ќе ги тргне. Често се случува вака, скоро по секои избори - рече Марјан Јовиќ, граѓанин од Куманово.
Срѓан Ивановски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ вели дека по Велигден ќе се зафатат со отстранување на плакатите.
Првата недела по Велигден од вторник до петок ќе бидат расчистени плакатите, само на ВМРО - ДПМНЕ, оние кои ние сме ги залепиле. Активисти, членови на Унијата на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ ќе учествуваат во отстранување на плакатите на територија на Општина Куманово - рече Ивановски.
Младите од СДСМ веднаш по изборите на прес - конференција ветија дека ќе ги тргнат плакатите, но тоа не го направија.
И плакатите на политичката опција “Кога, ако не сега“ уште не се отстранети.