×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изборна конференција на СДСМ Куманово - Арсиќ ќе го промовира својот тим

    11.05.2023 14:06 | Сузана Николиќ

    Новиот претседател на СДСМ Куманово, Александар Арсиќ, утревечер на Изборна конференција ќе ги промовира своите соработници и ќе побара подршката од делегатите за новите членови на Извршниот и Надзорен одбор.

    Изборна конференција на СДСМ Куманово - Арсиќ ќе го промовира својот тим

    Конференцијата ќе се одржи во 19 часот во големата сала на зградата на поранешните општествено-политички организации Комитет, а се очекува да присуствува највисокото централно партиско раководство.

    Претседателот Арсиќ вели дека неговиот тим го сочинуваат истакнати партиски борци, заслужни за предходните успеси и подготвени да извојуваат нови победи на наредните избори.

    „Водејќи се од идејата да бидам заедно со луѓе со кои споделуваме исти вредности и исти цели, на конференцијата ќе им ги претставам нашите партиски другари, угледни сограѓани, докажани професионалци во своите области, наши долгогодишни членови. Луѓе со интегритет, луѓе кои ќе ги креираат политиките, луѓе кои ќе бидат заедно со членството. Лекари, професори, учители, адвокати, директори, инжинери, студенти. Луѓе кои доаѓаат од разни делови на нашата општина. При составувањето на предлозите за Извршен и Надзорен одбор е запазено и почитувањето на статутот на партијата со еднаква родова застапеност, односно еднаков број на мажи и жени и најмалку една третина на млади членови до 32 години“, изјави Арсиќ.

    Тој вели дека ја прифатил довербата на централното раководство и предизвикот да биде претседател на најголемата општинска организација поттикнат од желбата за понатамошно развивање на социјалдемократските вредности, пришто заедно со членовството ќе го трасираат патот до новите успеси и победи.

    Во однос на превирањата во општинската организација, вели дека тој ги прифаќа различните ставови на луѓето и секој има право на сопстевно мислење, бидејќи политичкото делување е доброволно. Но, потсетува дека сепак изборните резултати од последните локални избори се во корист на СДСМ со 10 советници, во однос на другите партии.

    Арсиќ во досегашна работа бил носител на повеќе политички и општествени функции: член на извршниот одбор, два мандати член на централнот одбор, координатор на ИЕ 2, шеф на штаб на ИЕ2, два мандати член на Советот на општина Куманово, координатор на советничка група, претседател на Советот и извршен директор.