Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со пресот што го одржа приватна политичка партија „За Наше Куманово“ , уште еднаш го потврдија елементарното непознавање на законот, а воедно и тенденциозното однесување кон одредени училишта и институции, реагираат од СДСМ на денешната прес-конференција на „За наше Куманово“, по обвинувањата дека за поставување на директори ја користат централната власт .
Тие велат дека во ОУ „11 Октомври“ е распишан оглас согласно законот, а училишниот одбор го избирал кандидатот кој ги задоволувал пропишаните услови и предлогот го доставиле до градоначалникот.
„Она што е симптоматично е што на последен ден од рокот за потпишување на одлуката за именување на директор, градоначалникот праќа известување дека е на одмор, а по неколку дена и дека не дава согласност затоа што има петиција во училиштето која е покрената од член на училишен одбор, предложен од Општината. Нагласуваме , избор на директор се врши согласно закон и исклучиво од УО, а не по желба на поединци“, велат од СДСМ.
Според нив собирањето на потписи и иницирање на петиција не смее да стане алиби за непочитување на законот.
„За Наше Куманово„ во континуитет го демонстрира своето политичко влијание и сака да доминира без никакво познавање на законот . Потврда за тоа се сите основни училишта во градот каде постојано поставуваат в.д. директори, не давајќи им простор на квалитетни луѓе да си ја вршат својата работа. Дека се неточни нивните наводи во пресот е фактот што од нивната советничка листа во 2021 година ги бираат „неполитичките “ кандидати за директори. Дали размислиле дека училишниот одбор на „Крсте Мисирков“ е предмет на инспекциско разгледување, заради нетранспарентно работење? Зошто упорно молчат за состојбите во ОУ „Крсте Мисирков“ и не образложат што таму се прави? Зошто во ОУ „Крсте Мисирков“ 7 пати се поставува в.д. директор , 2 пати се распишува оглас, за што се трошат пари а наставниците веќе прават шега дека не можат да дознаат кој им е директор, а додека да се информираат истиот веке е сменет? На се доаѓа крај, па и на шерифското однесување во Општината. Граѓаните веќе проценуваат колку непрофесионално се менаџира со образованието во градот“, се наведува во соопштението на општинската организација на СДСМ .