×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изгласан буџетот на Куманово за 2023, вреден е 38 милиони евра

    28.12.2022 13:57 | Сузана Николиќ

     Со 25 гласа „за“ и 4 воздржани, доцна синоќа беше изласан буџетот на Куманово за наредната година, вреден 38 милиони евра. Буџетот го поддржаа советниците на власта и опозициската коалиција на СДСМ, а воздржни беа само од ДУИ.

    Изгласан буџетот на Куманово за 2023, вреден е 38 милиони евра

    Основниот буџет на општината изнесува 15 милиони евра, дотации од централната власт 20 милиони евра, самофинансирачки активности 1,1 милиони евра, донации 500 илјади евра и кредити 680 илјади евра.

    „Вкупните приходи за 2023 година се планирани во износ од 2.289.768.040,00 ден. и се поделени во 5 групи. Основен буџет е во износ од 925.189.900,00 денари, приходи од самофинансирачки активности во износ од 70.915.319,00 денари, приходи од дотации во износ од 1.222.749.000,00 денари, приходи од донации во износ од 30.006.889,00 и приходи од кредити во износ од 40.906.932,00 денари“, стои во матерјалите на предлог буџетот.

    Донесувањето на буџетот помина без расправа од советниците. Раководителката на Секторот за финансии Ирена Илиевска, кажа дека планираните расходи не смеат да ги надминат планираните приходи. Трошоците се делат на тековни и капитални. 

    „Во капитални трошоци ги вклучивме сите они програми кои вие ги донесовте на предходната и оваа седница, а се однесуваат на функционирање на јавните претпријатија, како и оние трошоци што се потребни за функционирање на самата општина и за извршување на нејзините функции. Додека во капиталните расходи во чиј состав е и развојната програма, тоа се средства за проекти за кои ќе бидат распишани тендерски постапки со кои ќе се врши изградба и реконструкција, но и за оние прокти кои не се довршени во 2022 година“, кажа Илиевска пред советниците.

    Развојната програма на буџетот изнесува 2,4 милиони евра, а во неа е предвиден проширување на гасоводната мрежа, изградба и реконструкција на улици, реконструкција на плоштадот, изградба на кружните токови, изградба на фекална канализација за Лопате и Бедиње и реконструкција на водоводна мрежа на улиците „Никола Тесла“ и „11 Ноември“.

    И оваа година буџетот не беше ставена на јавна расправа и широка дебата пред стручната јавност, месните заедници и граѓаните, за да се слушнат и нивните барања и приоритети како да се трошат народните пари.