Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советниците на денешната седница го изгласаа ребалансот на Буџетот за 2010 година. Без ниедна дискусија, со 20 гласа за и 5 против од страна на опозицијата, општинската каса е дополнета за 45, 7 милиони денари.
Ребалнсот е изнуден заради намалените сретствата за финансирање на основното и средно образование, културата и социјалата од страна на државата.Поради тоа се појави недостатоток на сретства за исплата на плата за 11 месец во просветата и за превоз на ученици и затоплување на училиштата.Се направи една покрупна промена во буџетот и се намалија дел од капиталните инвестиции кои сеуште не се отпочнати, а тоа се проектите на доградба на речното корито, детското одмаралиште во караулата во селото Длабочица и подземна гаража. Дел од сретствата се наменети и за летно и зимско одржување на улиците, реконструкција на улиците , таксата за ЕВН и за доизградба на спортската сал во „Перо Наков„-вели Ирена Илиевска, раководител во Секторот за финансии.
Од одобрените сретства 26 милиони денари се наменети за исплата на платите на просветните работници.