×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изгор скап зеленчук на пазарите во Куманово

    13.04.2023 15:12 | Оливера Пешевска

    Не се почитуваат замрзнатите цени на земјоделските производи на зелениот пазар во Куманово, на неколку дена пред Велигден. 

    Изгор скап зеленчук на пазарите во Куманово

    Зелените благи пиперки се нудат по цена од 180 до 230 денари, иако загарантираната цена е 100 денари. Доматите и краставиците се продаваат по цена од 140 денари.Иако за кромидот замрзната цена е 70 денари, на тезгите цената е 90 денари. Нема намалување ниту на цената на гравот кој се продава за 150 или 160 денари.

    Јужното овошје е веќе при крај на сезоната и нема драстична разлика меѓу препорачаната цена и реалната.Бананите дури се продаваат за за 70 денари, лимоните можат да се најдат за 45 денари.

    На Зелениот пазар имаше повеќе посетители одколку купувачи. И главно се купуваа производи на кои им е сезоната и традиционално секогаш се наоѓале во понудите во овој период од годината.

    „Еве зедов една марула, младо кромитче за салата за ручек. Во сабота ќе испазарам за празникот ама со цениве мислам дека ќе биде само млада, пролетна зелка, зелена салата, ротквица. Можеби ќе купам само 2 патлиџани колку за внучињата“, искоментира Бранко С.,пензионер.

    Цената на марулите е од 20 до 30 денари, млад компир 100 денари...

    На тезгите никаде не е истакната цената на производите.

    Пред десет дена Владата ги замрзна цените на одреден дел на земјоделски производи. Тоа предизвика бурни реакации кај увозниците и трговците кои тврдеа дека наложената цена е неисплатлива и пониска од увозната.

    Согласно одлуката донесена во вторник највисоки цени на овошјето и зеленчукот се: до 95 денари за килограм свежи домати, до 95 денари за килограм свежи краставици, до 70 денари за  килограм кромид, до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 95  денари килограм грав, до 110  денари за  килограм леќа, до 75  денари за  килограм банани, до 60  денари за килограм портокали, до 65 денари за килограм мандарини и до 60 денари за килограм лимони.