Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вчера околу 14 часот настанал пожар во плевна сопственост на М.П. во с.Јачинце. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово.
На територијата на општина Куманово вчера се регистрирани уште шест пожари, покрај кумановските пожарникари на испомош биле повикани и нивните колеги од Старо Нагоричане.
„Противпожарната единица Куманово до овој момент имала 6 помали интервенции и тоа една во с. Јачинце, на запалено сува трева, стрниште на површина 5 -6 декари, како и на помошен објект - плевна, при што е побаран помош од ТПП единица од Општина Старо Нагоричане. Втората интервенција била кај репетиторите во м.в. Багрем Бања во периодот од 19.40 до 24,00 часот, третата на запалено сува трева и грмушки кај Спомен Костурница, четвртата интервенција на запалено сува трева кај репетиторите кај Спомен Костурницата. После полноќ имало интервенција во нас. Пуковско на запалени огревни дрва и ѓубришта кај Д-р. Ѓоше и кај Туш Маркет“, соопштува Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).
Надлежните апелираат да не се палат стрништа, да не се фрлаат догорчиња од цигари затоа што вегетацијата поради вискоите температури е сува и погодна за лесно потпалување и распламтување во пожар во овој период од годината.