Изгоре плевна во Пчиња
        04.03.2014 09:36
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Во голем пожар вчера изгоре плевна во селото Пчиња.
                  Пожарот избувнал околу 10.30 часот, и го зафатил сеното кое било складирано во објектот. Огнот се проширил и на кровот.
Сопствениците побарале помош од противпожарната единица, при што било интервенирано, и во 12 часот огнот бил ставен под контрола. Причините за пожарот и материјалната штета дополнително ќе се утврдуваат.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



