×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изгореа три куќи и две помошни простории, опожарени над 100 хектари во Бељаковце и Руѓинце

    29.08.2023 11:47 | Оливера Пешевска

    Во вчерашниот пожар во Општина Старо Нагоричане изгорени се две стари,  но функционални куќи и и две помошни простории во селото Бељаковце, како и една стара напуштена куќа во село Руѓинце.

    Изгореа три куќи и две помошни простории, опожарени над 100 хектари во Бељаковце и Руѓинце

    Пожарот кој избувна во попладневните часови, дополнително се разгоре и прошири  во  текот на вечерта кога веќе беше доцна за полетување на дежурните два полициски и еден армиски хеликоптер, како и еден Ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. Поради опасноста од проширување на повеќе куќи, пожарникарите во текот на ноќта презеле акција за негово локализирање.

      „Иако генерално се избегнува ноќно гаснење на пожарите на отворено, пожарот се движеше во два правци со линија подолга од еден километар, а најверојатно и значително повеќе. Двата крака дополнително загрозуваа други куќи од овие две села, бидејќи ветрот кој дуваше го движеше огнот многу брзо голтајќи ја пред себе високата сува трева, трња,  дрвја, меѓу нив и лесно горливи ниски смреки и други зимзелени дрвја. Не смеевме да дозволиме чекање до раните утрински часови кога можеа да полетаат двата полициски и еден армиски хеликоптер,тоа ќе предизвикаше дополнителен ризик за куќите и населението во овие две села“, изјави Стојанче Ангелов,директор на ЦУК.

    На местото на пожарот интервенирале  пожарникарите од ТППЕ Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка. Алармантната состојба налагала да се побара и засилување со пожарникари од ТППЕ Кавадарци, Штип, Свети Николе и Куманово, вклучително и пожарникари од Доброволното противпожарно друштво од Свети Николе, но и од  локалните  жители.

    После полноќ  донесена е одлука да се приближат на пламените јазици кои на некои места се издигнувале и по неколку метри над земјата. Опремени со т.н. напртњачи , мешини со рачни прскалки со 20 литри вод, ) како и специјални противпожарни метли со метални ленти, по двочасовна борба пожарникарите  успеале  целосно да ја изгаснат огнената стихија.  

    „На двата крака остана по една дежурна екипа пожарникари од ТППЕ Кавадарци и Штип чија задача беше да внимаваат пожарот повторно да не се разгори. Во овој момент, нема знаци пожарот повторно да се активира.  Изгорената површина најверојатно е значително поголема од 100 хектари“, потенцира Ангелов.