Изгубените часови ќе се одработуваат во сабота
09.02.2015 11:48
| KumanovoNews
Наставата која е испуштена додека траеше штрајкот на просветните работници, ќе се одработува во саботите.
“Самите училишта ќе одредат која сабота ќе биде работна. Пропуштените часови ќе се одржуваат во саботите. Засега така е договорено да се одработува наставата“ - вели Селајдин Дестани, претседател на Регионален просветен синдикат.
Штрајкот на наставниците траеше 11 дена и во тој период учениците не одеа на училиште.