Излезноста во Куманово до 13 часот 29 отсто
24.03.2013 13:31
| KumanovoNews
Од Општинската изборна комисија соопштуваат дека до 13 часот правото на глас го искористиле 29 отсто од гласачите.

Од две избирачки места имаше приговори. Непознати лица се обиделе да го нарушат избирачкиот процес, меѓутоа се отстранети од полицијата. Навреме се реагирало и избирачкиот процес се одвива нормално - изјави Виолета Арсовска, претседател на ОИК.
До 13 часот во Липково на гласање излегле 25 отсто, а во Старо Нагоричане гласале 42 отсто од гласачите.