Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово утревечер ќе биде отворена изложба на дела од ликовната колонија “Македонска икона 2011“.
Оваа колонија работи четири години во организација на Здружението на граѓани и Фондација “Коледари“ - Куманово. Идејата е да се актуелизира и популаризира македонската икона, како и да се пренесат и разменат искуствата во изработката на овој вид творештво.
Учество на “Македонска икона 2011“ земаа следниве автори: Миглена Прашкова и Мариета Конова од Бугарија, Милиќ Петровиќ ,Србија, и Вера Тодоровска , Јован Тодоровски , Драги Хаџи-Николов Аџи и Мирослав Трендафиловски Мики .
Изложбата ќе биде отворена во 19 часот, а ќе биде поставена до 09. февруари.