×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба „Марини“ на Ацо Таневски во Куманово

    01.04.2021 08:51 | KumanovoNews

     Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 12 часот,  ќе биде отворена изложбата „Марини“ од авторот Ацо Таневски. Изложбата содржи 28 дела, пејзажи масло на платно, изработени во периодот од 2002 до 2012 година.

    Изложба „Марини“ на Ацо Таневски во Куманово

    За самата изложба авторот Таневски ќе каже: „На моите дела се прикажани марини, од морето, езерото. Тоа беше моја преокупација 15-тина години. Делата се продукт на мојата филозофија дека човекот е напасник на планетата и природата. Ја уништуваме природата, околината, а со тоа и морските површини. Затоа на моите дела отсуствува човекот, таму е дадена самата природа, која е недопрена ...“

    Изложбата е проект од национален интерес во културата од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајн за 2020 година, финансирана од Министерството за култура.

    Ацо Таневски роден 1965 година во Скопје. Завршил средно уметничко училиште во 1984 год. како и Факултет за ликовни уметности (педагошки, отсек сликарство) 1991 во Скопје. Член на ДЛУМ од 1993 година, и активен член на Сојузот на ликовни педагози.

    Во моментот работи како ликовен едукатор во Национална галерија на Македонија. Организатор на едукативни работилници и изложби за млади. Освен со ликовна, се занимава и со театарска и книжевна уметност. Учесник на преку 100-ина групни изложби во земјата и во странство, како и на 40 - тина ликовни колонии.

    Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 14.04.2021 година.