Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре ќе биде поставена изложбата на цртежи, графики и колажи со наслов „Квадратот низ графики и цртежи“ од авторката Валентина Илијевска.
Изложбата содржи 33 дела од најновиот опус на Илијевска и истата ќе може да се види секој работен ден до 17 јануари.
Преку графичкиот јазик на делата, Илијевска, навлегува во метафизичкиот свет, барајќи ја суштината на човековите вредности. Амбиетот во делата е создаден преку композиција на асоцијативното и апстрактното. Движејќи се помеѓу границата на егзактното и аморфното обликување на просторот. Преку симболите на квадратот и коцката внесува своерачен потпис и сензибилитет кој е препознатлив во нејзините дела. Со овој целокупен графички приказ, таа ја заокружува квадратната боженственост, наслов кој соодвестува на паралелната, на онаа дуалистичката природа на човекот.
„Светот на квадратот кој е вечен и постојан се пренесува во коцката која е цврста и постојана, како еден безконечен ланец на циркулирање на таа препознатлива енергија на уметничко остварување. Сината коцка/квадрат е симболичен приказ на идејната слика за човекот. Исцртана коцка (претставена со отворен приказ, налик на отворена кутија) испишани квадрати (шест графички слики). Графичка слика на коцката е квадратот. Оптички наликува на впишан крст, машкиот и женскиот принцип. Ако кружните облици се космички репрезент, додека пак триаголникот (графичка слика на пирамидата) е симбол за трансценденталното. Синото е поистоветување со неминовната карика за човековото опстојување како материја. Без вода и воздух, живот се нема! Синото е нивната оптичка појавност (морето и небото)“, објаснува Валентина.
Таа додава и дека, преку синото присуство на квадратот како симбол кој е сеприсутен во делата се истакнува човековата интуинтивност за прапочетоците на постоење. Сината обоеност на коцката е обејктивна присутност и потреба за остварување и потврдување на самата објективност.
Валентина Илијевска e родена во Скопје 25.7.1987година, а денес живее и работи во Куманово како конзерватор и реставратор при Кумановско-Осоговска Епархија во дел за заштита на културното наследство. Во 2006 завршува средно образование при ДСУПУ „Лазар Личеноски”-Скопје. Во 2010 Дипломирана на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ)- Скопје, на одделот графика и графички техники во класата на проф. Мирко Вујисиќ со насока на конзервација и реставрација со проф. Невенка Величковска и Момчило Трајковски. Во 2014 станува магистер по конзервација и реставрација на ѕидно сликарство во класа на проф.Благоја Кузмановски. Во 2012 Член на ДЛУМ. 2017 член на ИКОМОС, а во 2018 член на група ЛУЦИДО-БиХ.
Од 2000 год учествува на неколку групни изложби и ликовни работилници добиено и неколку награди и дипломи. Од 2010 год активно учествува на многубројни ликовни колонии како низ државата така и надвор од неа; Србија, БиХ, Словенија, Египет, Шведска и др. Во 2009 е нејзината прва самостојна изложба, а понатаму се реализирани уште неколку со претставување и надвор од државата. Како член на ДЛУМ заедно со колегите учествува скоро на сите предвидени изложби и проекти од друштвото. Добиено и неколку престижни награди при ДЛУМ. Потоа, во 2017 станува и уметнички селектор при ликовната колонија Карпино Куманово.
Овој проект е подржан од Министерството за култура на РС Македонија.