Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ утревечер ќе биде отворена изложба на цртежи и слики од авторката Мирјана Крстева Массети, која живее и работи во Гевгелија.
Таа е член на Мултимедијален центар – невладина организација за развој и унапредување на културата, организирање на културни случувања и едукација за уметноста.
Во моментот е претседател на Друштвото на ликовни уметници во Гевгелија. Има учествувано на повеќе групни изложби, проекти и колонии, а има реализирано и неколку самостојни изложби како во Македонија,така и во странство.
Делата ќе бидат изложени во изложбениот салон на Центарот за култура, а отварањето е закажано во 20 часот.