×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на цртежи „Скици 2022“ во Куманово

    08.12.2022 14:58 | Сузана Николиќ

    Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 19 часот ќе биде отворена биеналната изложба на цртежи „Скици 2022“. 

    Изложба на цртежи „Скици 2022“ во Куманово

    На изложбата ќе учествуваат академските ликовни уметници: Зоран Јакимовски, Мухамедали Алили-Дали, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Дејан Арсовски-Бабата, Зоран Арсовски-Бабата, Милена Арсовска, Симона Јакимовска, Александар Стефановски, Ана Јовановска, Валентина Илијевска, Стефан Анчевски, Марија Величковска и Симона Димковиќ.

    Осмото издание на биеналната изложба на цртежи „Скици 2022“, проект на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, претставува континуиран напор за реализација на идејата - цртежот како ликовна дисциплина и понатаму да биде актуелизиран и промовиран пред пошироката публика и ликовната критика. 

    „Личниот творечки печат на 14-те автори од повеќе генерации како и специфичниот третман на цртежот се главната карактеристика на оваа цртачка збирка на триесетина цртежи во разни формати. Но, она што ги
    поврзува е, секако, афинитетот кон креативното изразување, слободата којашто ја дава цртежот како и специфичната ликовна естетика креирана инстантно и непосредно. Се надеваме дека овие карактеристики на изложбата „Скици 2022“ ќе бидат препознаени од поширокиот аудиториум а со тоа и можноста цртежот да си го добие заслуженото место на македонската ликовна сцена, вели Роберт Цветковски, историчар на уметноста.

    Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 21. декември годинава.