Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Салонот на Уметничката галерија - Куманово утревечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики “Фем (м) Арт“, која ја организира Музеј - Куманово.
На изложбата ќе бидат претстваени дела на 29 авторки од градот и земјата: Ана Темкова, Вана Урошевиќ, Симонида Филипова Китановска, Жанета Гелевска, Микица Трујкановиќ, Тања Балаќ, Гордана Даутовска, Кристина Божурска, Марина Цветановска Мартиновска, Лилјана Кекеновска Пауновска, Маријета Сидовски, Мирјана Крстева Массетти, Андријана Мациев, Марија Марковска, Анка Столковска, Маргарита Аврамовска, Ивана Тушевска, Валентина Илијевска, Тања Соларска Темелковски, Ангелина Поповска, Наташа Серафимовска, Мирослава Цветковиќ, Бисера Младеновска, Кристина Хаџиева, Марија Мицова Гацова, Мила Трендафиловска, Ивана Настески, Симона Јакимовска и Марија Трајаноска.
„За прв пат во чест на Меѓународниот ден на жената - 8 Март, НУ Музеј-Куманово организира ликовна изложба “Фем (м) Арт“, со која ќе го одбележи овој убав ден. Изложбата нуди можност да се видат дела од реномирани жени - авторки, кои оставиле силен печат на македонската ликовна сцена, но и помлади авторки кои се во процес на градење на својата ликовна кариера. Всушност, делата се дел од ликовниот Фонд на НУ Музеј - Куманово и хронолошки опфаќаат еден широк временски распон од 70-те години на 20 век, па се до 2021 година“, изјави Драгана Спасковска, виш кустос, историчар на уметноста во НУ Музеј-Куманово.
Taa ги поканува сите љубители на ликовната уметност да дојдат и да ги погледаат делата на жената - ликовен творец.
Изложбата ќе биде отворена до крајот на март 2023.