Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во лапидариумот на Музеј Куманово вечерва со почеток во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата на дела настанати на минатогодишната Интернационална ликовна колонија „Куманово 2022“.
Ќе биде поставена продукција од 30 слики, работени од 16 академски сликари од Македонија, Србија и Црна Гора.
„Сликите се работени во масло, акрил или комбинарна техника. Вечерва како гости ќе присуствуваат и уметниците од Романија, Турција, Србија, Босна и Херцеговина и секако Македонија, кои учествуваат на колонијата 2023 која е во тек. Така, преку творештвото и делата се запознаваат со работата на секој од нив“, изјави Драгана Спасовска, од Музеј Куманово.
Публиката ќе може да ги види сликите на Ирвин Масличиќ, Звонко Павличиќ, Радован Грујиќ од Црна Гора, Милица Лилиќ од Србија и македонските академски сликари Урош Вељковиќ, Дејан Иванов Маргуш, Љубица М.Солак, Касиопеја Наумоска, Стефан Анчевски, Дејвид Стоилковски, Симонида Филипова Китановска, Стефан Јакимовски, Атанас Крстов, Тасим Кадрија, Ангелина Поповска и Трајче Чатмов.
Интернационалната колонија Куманово се доближува до својот 50 годишен јубилеј, кој ќе се одбележи следната година. Во конинуитет одржувањето и сите активности поврзани со неа се со финасиска подршка на Министерството за култура, Општина Куманово и Националната установа Музеј Куманово.