×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на фотографии и постери „Она што го гледаме за последен пат“ во Куманово

    11.12.2019 13:56 | KumanovoNews

      Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово, утре во 19.30 часот, ќе се реализира изложба - На маргините на скопскиот регион - сакрални објекти и рурална архитектура „Она што го гледаме за последен пат“ .

    Изложба на фотографии и постери „Она што го гледаме за последен пат“ во Куманово

    Изложбата е составена од триесеттина експонати во вид на каширана фотографија и постери, а автор на изложбата е Дарко Николовски, историчар на уметноста, вработен во Националниот Конзерваторски Центар.

    Во оваа изложба интересот е насочен кон дел од спомениците од поствизантискиот период кои покрај монументалните споменици од средновековието (Манастирот Св.Пантелејмон во с. Нерези, манастирот Андреаш на Матка, Марков манастир, Никита, Св.Спас во Кучевиште и др.) ја пополнуваат сликата за непрекинатиот сакрален живот во скопската епархија.

    Главната градителска и творечка активност се забележува претежно во периодот на XV-XVII век. Позначајни примери следиме во селата во северниот регион, во пазувите на Скопска Црна Гора (Свети Илија Горни, Св. Бањани; Св.Благовештение во Горен Забел, с.Горњани; Св.Никола во Љубанци; Св.Ѓорѓи во с.Бањани; Св.Петка во с.Побoжје; црквите Св.Ѓорѓи и Св.Никола во с.Радишани),потоа во јужните и југоисточните предели, во областа Каршијак, позади планината Водно ( Св. Спас во Добри Дол, Св. Mина во с. Јаболци, Св. Hикола во с.Говрлево), во источниот регион во областа Скопска Блатија (Св. Горѓи Победоносец во с.Блаце, Св.Huкола вос.Кокле, Св. Никола с.Градовце, Успение Богородичино во с Дивље) и во Кањонот на Матка (Св.Андреј на Матка, Шишевски манастир - Свети Илија, црквата Св.Богородица манастирот Матка, Св.Атапасие во с.Шишeво).

    Самиот автор за изложбата ќе рече дека ова се дела репрезенти на старата рурална архитектура и дека покрај видно нарушената состојба сепак сведочат за автентичноста и континуитетот на македонската градителска и зографска традиција.