Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, денеска во 12 часот ќе биде отворена клупската изложба на уметничка фотографија „Мајски салон 2021“.
Организатор на изложбата е Фото Кино клубот “Козјак“ од Куманово, содржи 21 фотографија во формат 100 х70 см.
Публиката ќе има можност да види четириесетина фотографии, мигови од реалноста, специфичен вид на сведоштва за она што, низ уметничката перспектива на нашите членови, значи да се биде овде и сега.
Покровители на изложбата се Министерство за култура и Општина Куманово, како и традиционално подржана од Народна техника, НУЦК Трајко Прокопиев и истата е под патронат на Фото Сојуз на Македонија.
Изложбата ќе биде поставена до 24.јуни 2021 година.