×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на фотографии „Моето село низ објектив“ на здружението Коло на српските сестри

    15.05.2023 20:47 | Оливера Пешевска

    Во Занаетчискиот дом во Куманово денеска беше презентирана завршната фаза од проектот „Моето село низ објектив“ во организација на Здружение на жени „Коло на српските сестри“во Куманово.

    Изложба на фотографии „Моето село низ објектив“ на здружението Коло на српските сестри

    Изложбата на фотографии е на ученици од основните училишта “Вера Которка” – с. Клечовце, “Браќа Рибар” – с. Табановце, “Карпош” – с. Умин Дол, “Кирил и Методиј” – с. Романовце и “Кочо Рацин” ПУ – с.Орашац, кои имаа задача низ фото-запис да го опишат  местото во кое живеат.

    „Целта беше селската средина да се долови на учениците кои живеат во град. Пријатно сум изнендена од фотографиите , се надевам дека и во иднина ќе продолжат децата да се занимаваат со неа, било како хоби или професија“, изјави Ана Денковиќ - Антевска, претседател на Здружението „Коло на српските сестри“.

     Од здружението велат дека со години наназад соработуваат со деца од руралните средини кои учат на српски јазик, но оваа година напрваиле исклучок.

    „Овој пат решивме да ги вклучиме децата кои следат настава на македонски јазик. Јас сум пријатно изненадена и би сакала на директорките и на менторките на учениците да изразам благодарност, затоа што покажаа интерес, но и до оние кои го поддржаа проектот“, истакна Живка Крстевска, од Здружението „Коло на српските сестри„.

    Манифестацијата „Моето село низ објектив“ се организира за првпат, но организаторите се надеваат дека ќе прерасне во традиционална. Иако форматот за презентација преку фотографии се покажа како успешен, ќе се даде можност во иднина учениците креативно да се изразат преку пишан збор или сликарски техники.

    „Отидовме во вклучените училишта и одржавме неколку предавања за фотографија,како би требало да изгледа,што би требало тие да опфатат во познатите месности во нивната околина и да ги опишат преку светло запис.Интересно испадна,јас сум изнендена колку многу интерес покажаа децата и колку креативни моменти успеале да фатат.Сликите се создаваа и со професионални фото камери но и со сегашниве смарт телефони“, потенцира Марина Атанасовиќ, наставник по класична култура во европската цивилизација во ОУ „Кочо Рацин“ Куманово.

    На културно – уметничката програма присуствуваа претседателката на Советот на Општина Куманово со претставници од општинската администрација. За проектот од буџетот на општината се издвоени 25 илјади денари.