Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката галерија во Куманово, утре со почеток од 19 часот ќе биде отворен Меѓународниот фото салон Куманово 2021, во организација на Фото-кино клуб “Козјак” – Куманово.
На изложбата ќе бидат претставени 50 наградени фотографии од вкупно 184 автори од 47 држави кои се пријавиле на конкурсот.
„Оваа година имаше четири категории и тоа портрет, природа, слободна колор и слободна црно бела категорија. Жирито и оваа година имаше можност да погледне инзвонредни фотографии. Специфичноста на овој Фото Салон Куманово 2021 е тоа што пристигнаа фотографии од автори кои традиционално учествуваат на овој престижен салон, но секако имаше и нови автори кои се претставија со своите фотографии. Оваа е јубелеј од 15 години Фото Салон Куманово како во континуитет се одржува“, велат од клубот.
Најдобриот автор на изложбата е Холгер Бекер од Германија.
Меѓународниот фото салон Куманово 2021 се одржува во 15 пат.