×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на фотографии „Златниот антички наод од неготинско“ во Центарот за култура

    21.04.2022 10:54 | Сузана Николиќ

    Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, денеска во 13 часот ќе биде отворена изложба на фотографии на златниот антички наод од неготинско. 

    Изложба на фотографии „Златниот антички наод од неготинско“ во Центарот за култура

    Археолошкиот локалитет “Орманков гроб“ се наоѓа во непосредна близина на Неготино, поточно на 6 километри јужно од Неготино на самиот автопат Скопје-Гевгелија. Локалитеот се наоѓа на јужната страна од селото Тремник на оддалеченост од 200 метри на природно возвишение кое доминира над својата околина. Од локалитетот се отвора широк поглед кон север до планината Клепа, на исток кон планината Серта, на југ кон Демиркаписката клисура и на запад кон планината Кожуф.

    Во август 2008 година при археолошко истражување од страна на стручна екипа од Музеј на град Неготино, на длабочина од 0,35 до 0,50 cm., се пронајдени повеќе предмети од златен накит и монети кои што датираат од IV-III век п.н.е.

    Вкупната тежина на овие предмети изнесува околу од 1 кгр. богато со 22 % каратно злато. Се претпоставува дека припаѓал на истакнат војник-офицер по потекло Пајон од Антигонеа, кој сигурно бил во војската на Александар Македонски додека војувал во Азија, и по враќањето го носи сиот овој златен накит, со кој потоа бил погребан.

    Ексклузивниот златен комплет како збирен наод кој датира од IV-III век п.н.е. претставува еден од најзначајните и најрепрезентативните наоди од овој вид од времето на почетоците на македонско-хеленистичкиот период на територијата на  Македонија. 

    Денес се наоѓа во Археолошкиот Музеј на Македонија во Скопје каде е достапен за пошироката светска јавност. Изложбата со фотографии досега е претставена во Неготино и Кавадарци.

    Во Куманово изложбата ќе биде поставена до 4 мај.

    Изложбата е во рамките на повеќегодишната добра соработка помеѓу Музејот на Град Неготино и НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово.